Договорен нов самит на двете Кореи

Северна и Јужна Кореја се согласија да одржат заеднички самит во септември во Пјонгјанг, објави денеска јужнокорејското Министерство за обединување.

Високи официјални претставници од двете земји се состанаа малку порано во пограничното село Панмундџе и ги договорија деталите на самитот, објави Ројтерс.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мао Џи-ин се состанаа во април и се согласија да одржат уште еден самит на есен, овој пат во главниот град на Северна Кореја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.