Договорен составот на Владата на БиХ

Лидерите на политичките партии денеска во Сараево се договорија за новиот состав на Владата на Босна и Херцеговина, четири месеци по изборите, објави МИА.

Кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА) Денис Звездиќ веќе доби поддршка во Парламентот како нов претседавач со Советот на министри на БиХ.

Министерството за надворешни работи ќе им припадне на блокот српски партии, Министерството за финансии на Хрватската демократска заедница БиХ, а за цивилни работи на СДА.

Според договорот СДА добива и две министерски места и два заменици-министри, Демократскиот фронт (ДФ) едно министерско место и еден заменик-министер, а ХДЗ БиХ три министерски места и четири заменици-министри.

Српската демократска партија (СДС) и коалицијата добиваат три министерски места и тројца заменици-министри.

По договорт за распределба на местата во Советот на министри на БиХ, лидерите на политичките партии на Федерацијата БиХ почнаа преговори за федералното ниво на власт, кои треба да бидат завршени до 11 март.