Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Десет држави од Централна и ЈИЕ и ЕУ денеска во Виена договорија потесна соработка во борбата со џихадизмот како и подобра обука на пограничните власти.

На конференцијата Заеднички дејствија против џихадизмот, одржана во Виена беше оценето дека е потребна сеопфатна стратегија и потесна соработка меѓу ЕУ и државите од Западен Балкан, пренесува МИА.

На конференцијата учествуваа минстри од Србија, Албанија, БиХ, Македонија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Австрија, Италија и претставници на Европската унија.

– Учесниците договорија конкретни мерки за подобра обука на пограничните власти за спречување илегално влегување и излегување од државите на екстремисти, наведе министерот за внатрешни работи на Австрија Јохана Микел Лајтнер.

Предвидено е и подобрување на соработката на државите од Западен Балкан со Европол и Фронтекс како и со координаторот на ЕУ за борба со тероризмот. Конференцијата беше организирана по иницијатива на австрискиот министер за внатрешни работи и министерот за надворешни работи Себастијан Курц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.