Договорена средба Путин – Ципрас во Москва

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин при што се согласиле да ги зајакнат билатералните врски, а договорена и била посета на Ципрас на Москва во мај, на денот на победата над нацизмот, јави МИА.

„Двајцата државници се согласиле да ја зајакнат соработката во економијата и енергетиката, туризмот, културата и транспортот. Тие, исто така, ја истакнале потребата да се „обезбеди мир и стабилност во Украина“, се вели во соопштението од кабинетот на Ципрас.
Путин изразил задоволство од ставот на Грција на неодамнешниот самит во Брисел, каде што грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изрази загриженост околу изгледите за дополнителни санкции против Русија во врска со Украина.
Владини извори за грчките медиуми ги отфрлиле гласините за финансиска помош за Грција од Русија, истакнувајќи дека Владата е во потрага по поддршка од своите европски партнери.
Ципрас и Путин разговарале и за „можно создавање гасоводот кој треба да пренесува природен гас од Русија до Европа преку Турција и Грција“.