Договорено е да се остави повеќе простор за подготвка на средбата Јункер-Груевски

 Ние сме во постојана комуникација со претставниците на европските институции. Имајќи во предвид дека само пред неколку дена премиерот Груевски имаше средба со еврокомесарот Хан на која опсежно беа разменети мислења и идеи за поголем број на теми и аспекти, меѓу двете страни заеднички беше проценето дека пред средбата Груевски – Јункер потребен е еден поголем простор за да се обезбеди подобар и посеопфатен увид во целокупната тематика која ќе биде предмет на таа средба.

Ова за МИА го изјавил портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев во врска со одложувањето на средбата на премиерот Никола Груевски и претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер, што беше предвидена за во четврток во Брисел.