Договорот испратен кај Иванов

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по ратификувањето, го потпиша Договорот за името и го испрати кај претседателот на државата Ѓорге Иванов кој во рок од седум дена треба да го потпише истиот.

Претходно, Иванов изјави дека неговиот став „во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци“.

Доколку претседателот го користи суспензивното вето, Законот пак се враќа во Собранието за ратификација. Ако при повторена процедура Законот биде изгласан со најмалку 61 гласа, Иванов е должен да го потпише.