Договорот од Брисел е клучен за евроинтеграцијата на Србија

Портпаролот на српската Влада, Миливоје Михајловиќ изјави дека очекува до 21 јануари да започне меѓувладината конференција со Европската унија, а за Србија специфика претставуваат односите меѓу Белград и Приштина и примената на Бриселскиот договор, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Според Михајловиќ договорот е клучна точка од процесот на пристапување на Србија кон ЕУ. Тој уште посочил дека во Србија секојдневно се подготвуваат активности за подготовка на преговорите.