Договорот од Пржино почнува да се имплементира

Од денес почнува постапката за имплементирање на Договорот од Пржино. Претставници на четирите политички партии од земјава на ниво на работни групи, координирани од белгискиот експерт Питер Ван Ховит денеска ќе расправаат дали Државната изборна комисија (ДИК)  треба да се реконструира или распушти.

Изборниот список целосно треба да биде прочистен три месеци пред закажаните избори
Изборниот список целосно треба да биде прочистен три месеци пред закажаните избори

Со ова практично ќе започне имплементирањето на договорот од Пржино што лидерите на четирите политички партии го постигнаа пред неколку дена и со којшто практично се стави крај на политичката криза во земјава.

Европската Унија бара ДИК да биде составена од непартиски членови. За оваа цел ќе биде потребно да се направат промени во Изборниот законик, што пак од друга страна ќе биде возможно дури откако опозицијата ќе се врати во законодавниот дом, односно по први септември.

До тогаш овие работни групи ќе треба да работат на прочитување на изборниот список, кој целосно треба да биде прочистен три месеци пред закажаните избори на 24-ти април следната година.

Договорот од Пржино, со којшто практично беше ставен крај на политичката криза во земјава беше потпишан во текот на минатата недела од страна на лидерите на четирите политички партии во земјава, по маратонските разговори на кои присуствуваше еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европарламентарци Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.