Договорот со Тројката повторно го става на тест Самарас

Владината коалиција во Атина прави се’ што може за да ја договори со меѓународните кредитори следната транша помош од една милијарда евра до крајот на годината, но договорот со Тројката, Европска комисија, Европска централна банка и ММФ, чии претставници најверојатно ќе го откажат денешното враќање во грчкиот главен град,со што ќе се стави на тест издржливоста на кабинетот на премиерот Андонис Самарас, коментираат грчките весници.

Весникот „Нафтемборики“ пишува дека Владата се подготвува да ги обнови преговорите со Тројката по седницата на Еврогрупата на деветти декември и дека тимот на премиерот Андонис Самарас си поставил за цел договорот за следната транша од една милијарда евра да биде склучен пред крајот на годината.

Не е познато дали сепак претставниците на Тројката ќе се вратат по деветти декември и дали тие ќе го донесат со себе толку посакуванаиот од Атина договор за следната транша помош, додава весникот.

Весникот „Имерисија“ цитира претставник на ММФ, кој изјавил дека Тројката нема да се врати денеска во Атина и дека нејзините претставници ќе дојдат откако ќе се постигне согласност од грчка страна по преостанатите прашања поврзани со тендерите, отпуштањата во државниот сектор и дупката во буџетот. Доверителите тврдат дека буџетскиот дефицит догодина ќе биде две милијарди евра, додека Атина смета дека дупката во буџетот ќе биде една милијарда евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.