Дојава за бомба во основно училиште во Аеродром

Дојава за бомба во основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром добила предмалку полицијата, објави Курир.

Според првичните информации, учениците се веднаш евакуирани, а полициските екипи се на терен.

Како што соопштуваат од МВР, дојавата била примена утрово околу 11. 10 часот од страна на директорот на училиштето.

Полициските екипи веднаш извршиле увид на местото на настанот при што било утврдено дека станува збор за две училишни вежбовни бомби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.