Дојавата за бомба во Палатата на правдата во Белград лажна

Палатата на правдата во Белград утрово беше евакуирана на еден час поради лажна дојава за бомба, пишува српски „Блиц“.

Во моментов вработените и граѓаните се враќаат во судската зграда.

Инаку Палатата на правдата во Белград има седум ката и во неа се сместени трите основни кривични судови, Вишиот суд и надлежните обвинителства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.