„Дојче Банк“ ќе отпушта 10.000 вработени

“Дојче банк“ планира да укине 10.000 работни места, или околу една десетина од својата глобална работна сила како дел од напорите за намалување на трошоците, објави „Вол Стрит Журнал“.
Според нивните информации, драстичното намалување на работните места треба да се случи во 2019 година.

Во меѓувреме, „Блумберг“ исто така објави дека банката планира да се повлече од неколку берзи низ целиот свет. Изворите за „Блумберг“ наведуваат дека „Дојче банк“ планира драстично да го намали своето присуство во САД, што веќе го направила во Централна Европа, на Блискиот Исток и Африка.

„Дојче банк“, кој денеска ќе се состане со своите годишни акционери, одби да даде коментар за ваквите наводи.

Акциите на „Дојче банк“ паднаа скоро 31 отсто оваа година. Оваа банка, исто така најголем зајмувач во Германија, е под притисок на кредитните агенции. Се очекува „Стандард и Пурс“ до крајот на месецот да објави дали ќе го намали нејзиниот рејтинг, откако во април почна со длабочинска анализа на состојбата во банката.

Најголемата инвестициска банка во Европа минатата година заврши со загуба од 500 милиони евра што следеше по загубата од 1,4 милијарди евра пред една година, па дури и 6,8 милијарди евра загуба во 2015 година.