Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја

телеком

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 36,4 милијарди американски долари. Според рангирањето на Brand Finance Global 500, ова претставува зголемување од 10% во споредба со минатогодишната вредност. Со овој позитивен резултат компанијата повторно е највреден телекомуникациски бренд во Европа, пред Vodafone и Orange.   Од неговото повторно воведување во 2008, вредноста на брендот постојано расте, и се зголеми за импресивни 309%.

Дојче Телеком е исто така вториот највреден германски бренд во светот, после BMW. По нив следуваат Mercedes-Benz, VW и Siemens.

Секоја година, Brand Finance ги определува  највредните брендови во светот.  Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилната стратегијата за брендот.  Исто така, телекомуникациската компанија успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, пришто истовремено направи долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот.

Македонски Телеком е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2006 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.