Дојче Телеком организира меѓународен натпревар за идеи за смарт мода „Fashion Fusion“

Областите на висока технологија и мода се спојуваат за да создадат смарт конфекција. Дојче Телеком здружен со угледни партнери го започнува предизвикот „Fashion Fusion“. Станува збор за  меѓународен натпревар преку кој млади таленти од цела Европа ќе имаат ексклузивна и единствена можност да ја искористат помошта на експерти од индустријата, секторот на мода и сцената на стартап компании, за да ги реализираат своите визионерски концепти за конфекција со висока технологија, облека и предмети што се носат и производи за дигитален животен стил и истите да ги пласираат на пазарот.

Глобалната технолошка компанија Интел и иновативното списание WIRED од Германија ќе го поддржат „Fashion Fusion“ со своја експертиза, материјали и енергични заложби. Спортскиот бренд Адидас ќе придонесе за пренесување на знаење и искуство од модата со учеството на Дирк Шонбергер, како член на „Fashion Fusion“ жирито. Како меѓународен експерт и двигател на иновации во модната индустрија, партнерот ПРЕМИУМ со #FASHIONTECH го обезбедува професионалниот аспект за презентирање на „Fashion Fusion“.

DT Fashion_Fusion-2

Фазата на пријавување за натпреварот е отворена. Студенти, млади професионалци и стартап компании од секторите на модата, дизајнот и технологијата, вклучително и од Македонија, можат да ги достават своите концепти до 1 август 2016 година. Апликациите можат да се регистрираат во една од трите категории: Поврзани уреди и дополнителна опрема, Дигитално усовршена мода и Смарт услуги.

Следната голема работа во модата ќе биде смарт и поврзана конфекција и дополнителна опрема. Денешните визионерски концепти можеби веќе од утре ќе се најдат во вашиот плакар. Затоа е многу важно за нас да бидеме партнер за иновативни, поврзани производи и услуги. Со Fashion Fusion, ние ги поврзуваме важните играчи и надежни таленти од цела Европа и им ја даваме можноста да ги претворат своите визии во реалност, изјави Клаудија Немат, член на Одборот на директори на Дојче Телеком и одговорна за Европа и Технологија, којашто е покровител на „Fashion Fusion“ натпреварот.

Жири составено од престижни претставници од индустријата ќе ги избере најдобрите идеи.

Тоа би можело да биде смарт часовник или рачна торба со полнач на соларно напојување. Спортска конфекција која е смарт и одржлива преку материјали или рециклирање на производи, или пак палта кои се префрлуваат на режим на подобра изолација во зима. Fashion Fusion поддржува визионерски идеи и концепти кои имаат долгорочен потенцијал да се етаблираат на пазарот, објаснува основоположникот на Smart Fashion, Лиса Ленг, куратор на концептот на натпреварот, која имаше клучна улога во започнувањето на овој предизвик.

Во центарот на натпреварот е Лабораторијата „Fashion Fusion“: тримесечна работилница во која максимум десет избрани тимови ќе работат на прилагодување на своите модни концепти. Заедно со експерти од индустријата и специјалисти во областите на иновативна мода и технологија, тимовите ќе произведуваат високо квалитетни прототипи на нивните концепти. Учесниците ќе можат да ја искористат значителната експертиза на Лабораторијата и ќе добијат сместување и сите неопходни материјали потребни за нивните идеи да заживеат. Лабораторијата е отворена платформа за иновации поддржана од hub:raum, инкубаторот на Дојче Телеком.

Првиот Fashion Fusion натпревар ќе кулминира со презентацијата на прототипите на #FASHIONTECH за време на Модната недела во Берлин во јануари 2017 година.

Најдобриот тим ќе добие парична награда од 20.000 евра и можност да ја пласира својата креација на пазарот, заедно со Дојче Телеком и неговите партнери.

Лабораторијата Fashion Fusion е долгорочен проект и секоја година може да отвори простор за заедничка работа и простории за работилници во различни европски метрополи. Повеќе информации за натпреварот за идеи „Fashion Fusion“ може да се најдат на  сајтот: fashionfusion.telekom.com.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.