вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 0

Дојче Веле: НАТО „трупа“ војска во Источна Европа

Американските трупи пристигнаа во Германија од каде потоа во рамки на стратегија на  НАТО за јакнење на присуството на истокот на Европа ќе бидат упатени во Полска.

Поврзани вести

Вкупно 900 товарни вагони, кои заедно се долги 14 километри и бројни конвои камиони, следните денови воениот товар ќе го транспортираат преку северна Германија во Полска и подалеку, пишува „Дојче Веле“.

Генерал мајорот на Бундесверот, Јозеф Блоц ова го нарекува „логистички голема операција“. Во моментов во германски Бременхафен три товарни бродови на американската морнарица истовараат оружје и опрема за тенковската бригада на 4-тата американска пешадиска дивизија.

Операцијата „Атлантик Ресолв“ е знак на константен ангажман на САД за Европа со цел стабилизација на мирот, наведува Тимоти Мегваер, заменик главен заповедник на американските копнени единици во Европа стационирани во Бремерхавен.

Владата на САД минатата недела најави дека трајно ќе испрати уште една борбена бригада во Европа. Барак Обама сака пред се’ Полјаците, Естонците, Летонците и Литванците да ги увери дека САД воено се на нивна страна, што сакаат да го чујат бидејќи сметаат дека се загрозени поради руската агресија во Украина, наведува ДВ.

Истовремено, како што се наведува, во овие земји, за време на изборната кампања од идниот претседател на САД, Доналд Трамп меѓу редови се слушна и сомнеж во безусловната американска сојузничка верност.

Американците се дел од една поголема стратегија на НАТО. Од оваа година НАТО има намера во Полска и трите балтички земји да стационира четири мултинационални борбени единици со околу илјада војници во секоја односно вкупно 4,000. Оваа одлука е донесена минатото лето на самитот на НАТО во Варшава.

Најчитани вести