Дојчиновски: Официјален јазик во Македонија е македонскиот и така и ќе биде

Ова е уште еден убав ден во нашата Македонија каде што сите ние се уште сме заедно и ќе бидеме заедно и Македонци и Албанци и Турци и Власи и Роми и Бошњаци сите ние ќе живееме заедно во оваа наша заедничка Македонија, изјави актерот Владо Дојчиновски.

-Живееме по ова сонце на нашето знаме, под ова сонце што не грее, под сонцето за кое се бореле нашите предци, а ние никогаш нема да дозволиме тоа сонце да згасне. Сите во оваа земја имаат право да зборуваат на сопствениот јазик и да учат на сопствениот јазик, меѓутоа мора да се знае дека еден основен и официјален јазик во земјата која се вика Македонија е македонскиот и така и ќе биде. Нема поубаво чувство од ова кога сите во еден глас го извикуваме ова име МАКЕДОНИЈА. Ние шириме љубов, тие што шират омраза не се тука, тие се карши нас во ова собрание, тие што шират омраза се тие што го негираат македонскиот идентитет, тие што ниту еднаш не ја осудија Тиранската платформа, истакна Дојчиновски.

Тој потенцираше дека треба да има нови избори каде што ќе се соочат со овој народ сите тие што го негираат нашиот идентитет и пред да излезат нека ги кажат своите намери за да знаат граѓаните за што би гласале.

-Нашиот претседател им покажа и им даде школо на сите странски комесари, на сите оние кои што не мислат добро за нашата земја, а на тие кај нас што не разбрале школото ќе им го даде овој народ собран на улиците во Македонија. Овој народ со овие протести одржа лекција како тоа се прави на мирен и достоинствен начин во својата татковина.