Дојде есента: Променливо облачно време

Дојде есента. Новото годишно време во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди.

Дојде есента: Променливо облачно време
Дојде есента: Променливо облачно време

Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Променливо облачно

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои повеќе ќе бидат застапени во југозападниот дел на Македонија.

Максималната температура ќе достиге до 29 степени. Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 минути кога настапува зимата.