Дојран рамо до рамо со големите европски дестинации

Општина Дојран и општина Кукуш од Грција во соработка со фондација Хуманополис за аплицираниот проект вреден 800.000 евра,  добија зелено светло од  Делегацијата на Европската комисија за имплементација.

Регионалниот развоен проект ќе вклучува изградба на првиот и единствен cable-wake парк во регионот токму на Дојранското езеро, што ќе го доближи Дојран рамо до рамо со големите европски и туристички дестинации.

Cable-wake паркот претставува парк за скијање на вода и алтернативни адреналински спортови, исклучително популарни низ Европа и САД. Општина Дојран како свесна општина за многуте можности за развој, продолжува со понатамошна успешна европска и регионална интеграција на Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија.