Македонија,Крими хроника

Дојранчани затаиле данок вреден над осум милиони денари

Дојранчани затаиле данок вреден над осум милиони денари

Двајца дојранчани, инаку управители на акционерското друштво „Дојран“ го оштетиле буџетот за над осум милиони денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Педесет и петгодишниот К.К. од селото Николиќ во Стар Дојран и една година постариот В.Т. од Нов Дојран, управители на акционерското друштво „Дојран“, во период од 2009-та до 2012-та година давале лажни податоци за приходите на фирмата, по што одбегнувале да плаќаат данок на додадена вредност, персонален и данок на добивка.

Со нивните дејствија тие и’ направиле штета на државата во висина од осум милиони 190 илјади и 698 денари.

Полицијата против нив поднесе кривична пријава.