ДОКАЗ ЗА РЕИНКАРНАЦИЈА: Момче детално се сеќава на својот претходен живот

Петгодишно момче Лука Рулман од Охајо, тврди дека се сеќава на својот претходен живот во кој се викал Пем и живеел во Чикаго и загинал во пожар во 1993-та година.

Неговата мајка Ерика вели дека се започнало кога имал две години и се сеќава на неговите чудни реакции на името Пем, како и тоа што постојано го повторувал тоа име.

Подоцна почна да зборува во детали за некој изминат живот. Кога бев девојче имав црна коса, кажуваше тој или: Носев такви обетки, наведува мајката.

Таа целосно се шокирала кога истражувајќи ја оваа необична приказна, открила дека во пожар во 1993-та година, навистина загинала жена по име Памела Робинсон во Чикаго.

Екипата на телевизиската емисија која се занимава со истражување на паранормални активности, го посетила детето и тие тврдат дека на детето му покажале фотографии од разни жени, барајќи да покаже која е Пем и тој навистина ја покажал токму неа.

По тоа, Ерика го исконтактирала семејството Робинсон и се испоставило дека нејзиниот син и жената која починала имале многу заедничко, и двајцата го обожаваат Стиви Вондер и свират на клавир.

Извор: Вистина.мк