Докажано дека поради Фејсбук и Твитер децата се чувствуваат лошо и се расправаат со родителите

Едно истражување спроведено на примерок од 3.500 деца во Велика Британија го покажа она што родителите веќе го забележале: социјалните мрежи имаат големо влијание врз однесувањето на младите деца и сликата која тие ја имаат за себе.

Истражувањето опфати деца на возраст од од десет до 15 години, а покажало дека само 53 отсто од младите, кои повеќе од три часа се на Фејсбук или Твитер се задоволни со својот изглед, во однос на 82 отсто кај децата на иста врзраст кои не користат социјални мрежи.

Децата кои повеќе време поминуваат на Фејсбук и Твитер исто така имат поголеми шанси дека ќе имаат полоши односи со родителите, а првите знаци на зависност од социјалните мрежи ќе се одразат и на нивнииот успех во училиштето.

Истражувањето исто така покажа дека поголеми се шансите зависни од „гледањето во екранот“ да станат девојчињата, а дури 17 отсто од децата признале дека притоа претрпеле насилство.

Сепак кога станува збор за запишување на факултет изгледа дека социјалните мрежи сепак во одредена мера го поттикнуваат продолжувањето на училиштето. Разликата е мала, но 90 отсто од „зависниците“ планираат да продолжат со училиштето, во однос на  87 отсто од оние кои социјалните мрежи ги користат умерено, односно 82 отсто од оние кои Фејсбук и Твитер воопшто не ги користат.