Докажано: Љубовта е дрога!

Докажано: Љубовта е дрога!
Докажано: Љубовта е дрога!

Психолозите од Нористерн универзитетот во Чикаго докажале дека силното чувство на љубов не чини толку еуфорични што нашата состојба може да се спореди со вистинско конзумирање на дрога, односно моментите на „хај“.

Кога луѓето се вистински заљубени, единствено за што размислуваат е партнерoт. Ако саканата личност ја нема во близина, чувството на копнеж е идентично како кај наркоманите кои по секој цена мораат да дојдат до својата доза.

Како што минува времето, чувствата бледеат, исто така развојот на толерација на дрога, така што близината на партнерот повеќе не е доволна за постигнување екстаза. Од друга страна, прекинувањето на врска доведува до „криза“ која се појавува кај зависниците кога не се во можност да дојдат до наркотик.

ljubov11111

Хемиската супстанца одговорна за феноменот заљубеност односно за тоа „хај чувство“ кај зависниците е допамин, а дел од мозокот што го активира е наречен мезолимбички допамински систем. Мозокот го користи овој неуротрансмитер за да ги регулира психичките функции и комуницира со телото. На тој начин влијае психичката и физичката благосостојба односно го стимулира метаболизмот, го поддржува системот за циркулација, ја отстранува депресијата и го подобрува протокот на информации во мозокот.