Докажано – Триесетите сепак се најдобри години!

Многумина тврдат дека триесетите години се најдобар период во животот-  не сте несигурни како во дваесетите, ниту сте изложени на криза која ги фаќа луѓето од средната доба. Што вели науката за триесетите години?

Почетокот на една и крајот на втората декада може да биде време на значајни промени. Ако сакате да направите голем чекор што се однесува на работата, преселете се во друг град или работете нешто сосема ново, на пример, трчајте на маратон, триесетите се најдобар период за тоа.

Не велиме дека луѓето кои имаат триесетина години се стари, но, доволно се зрели да почнат во тој период  да го анализираат својот живот и да го оценуваат тоа што дотогаш го имаат постигнато. Токму затоа, во овој период од животот луѓето најчесто се одлучуваат да направат некои промени.

Уште една одлична работа кога имате 30 години? Одличен секс! Можеби причината за тоа е отчукување на биолошкиот часовник, па жените во овој период најмногу уживаат во сексот, барем така покажуваат истражувањата. Исто така, жените во своите триесети имаатпоголема самодоверба, сексуална фантазија, но и „акции“.

Иако триесетите години можеби се некоја пресвртница, во емотивна и деловна смисла, личноста во овој перид не се менува многу. Во овие години, личноста полека се стабилиизра, но тоа не значи дека во тој период не можеме да работиме на себе.

Да не биде дека во триесетите години е се’ совршено и во тој период проживуваме одредена „криза“. Кога ќе загризаме во четвртата деценија, често чувствуваме анкциозност, која е најизразена деоколку личноста е „заглавена“ во врска која не функционира добро, или на работа во која не наоѓа никаква сатисфакција. Незадоволството која личноста го чувставува во овој период  е еднеод двигателите на промените кои се карактеристични за ова животно доба.