Докажано: Љубовта е дрога

Психолозите од Нористерн универзитетот во Чикаго докажале дека силното чувство на љубов не чини толку еуфорични што нашата состојба може да се спореди со вистинско конзумирање на дрога, односно моментите на „хај“.

Кога луѓето се вистински заљубени, единствено за што размислуваат е партнерто. Ако саканата личност ја нема во близина, чувството на копнеж е идентично како кај наркоманите кои по секој цена мораат да дојдат до својата доза.

Како што минува времето, чувствата бледеат, исто така развојот на толерација на дрога, така што близината на партнерот повеќе не е доволна за постигнување екстаза. Од друга страна, прекинувањето на врска доведува до „криза“ која се појавува кај зависниците кога не се во можност да дојдат до наркотик.

Хемиската супстанца одговорна за феноменот заљубеност односно за тоа „хај чувство“ кај зависниците е допамин, а дел од мозокот што го активира е наречен мезолимбички допамински систем. Мозокот го користи овој неуротрансмитер за да ги регулира психичките функции и комуницира со телото. На тој начин влијае психичката и физичката благосостојба односно го стимулира метаболизмот, го поддржува системот за циркулација, ја отстранува депресијата и го подобрува протокот на информации во мозокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.