Докажано: Слободан Милошевиќ го наредил убиството на Аркан

Поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиж лично го нарачл убиствот на Жељко Ражнатовиќ, утврдила истрагата на Специјалнот обвинителство за организиран криминал, пишува српски Информер.

Како што наведува весникот, Милошевиќ издал налог до тајната полиција да се ликвидира Аркан како „голема закана за уставниот поредок и националната безбедност“. Милошевиќ на ова се одлучил од најмалку две причини.

Прво, Милошевиќ се исплашил дека Аркан може да се спогоди со Хашкото обвинителство и да сведочи против него. Второ, до поранешниот лидер на СПС во тоа време дошле „сигурни информации“ дека Ражнатовиќ одржува контакти со западните разузнавачки служби и дека во тек се преговори за склопување сојуз со опозицијата тогаш собрана во коалиција со ДОС.

Во Специјалнот обвинителство, инаку, рекле дека доказите кои го поврзуваат Милошевиќ со ова злосторство „се’ повеќе од цврсти“. Станува збор за документи, но, и за искази на оние кои директно или индиректно учествувале во самото убиство на Жељко Ражнатовиќ Аркан.