Доколку Каталонија се отцепи, Барса ќе биде исфрлена од лигата

Доколку Каталонија биде самостојна, тогаш Барселона и Еспањол не би можеле да се натпреваруваат во шпанската Примера.

Каталонија се подготвува за референдум кој ќе се одржи на 14-ти ноември оваа година, а покрај кампањата „ЗА“ тргна и кампањата „ПРОТИВ“. Ова се однесува пред се за фудбалската јавност, а се потенцира дека Барселона и Еспањол ќе мора да ја напуштат Примера доколку Каталонија се отцепи од Шпанија.

-Ако Каталонија стане самостојна, тогаш Барселона и Еспањол нема да можат да играат во шпанската лига. Би морале да го менуваме Законот за спорт, изјави првиот човек на лигата Хавиер Тебес.

Со оваа негова изјава тој практично му се закани на раководството на Барселона, бидејќи како што е познато овој клуб отворено се залага за отцепување на Каталонија.