Доколку Оберсдорф и денес не ги “нагости” скокачите, следува двојна програма во Гармиш Партенкирхен

Традиционалната Новогодишна турнеја – 4 скокалници, која требаше да започне вчера во Оберсдорф, беше откажана поради лошите временски услови кои и покрај напорите на организаторот, создадоа премногу ризик за да може безбедно да биде одржано натпреварувањето.

Според најавите, и денес ќе има обид од страна на организаторот да се одржат скоковите, доколку временските услови не го дозволат тоа, ќе следува двојна програма во Гармиш Партенкирхен.