Доктор Плавевски ќе кажува здравица, Томе Панда кум на Бадник во Скопје

На 22-ри декември ќе се одржи традиционалното берење бадникови гранчиња на местото Говрлевска краста на Водно

Честа да ја каже здравицата на бадникарски свечености во 2014 година ќе ја има примариус доктор Владимир Плавевски, а кум кој ќе дели бадникови гранчиња пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“  е Методија Стефановски – Тоде познат како Тоде Панда.

По 22 пат благодарение на граѓанското здружение Одбро за традиционална прослава на Бадник во Скопје, скопјани и стари и млади ќе се соберат на платото пред Соборниот храм каде што ќе го прослават големиот христијански празник со бадниково гранче, греана ракија и нафора. Традиционално бадникарскот кум со пајтон ќе замине со преодниот ќуп откако ќе добие благослов од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

Мојсо Мојсовски од Здружението истакна дека оваа година за кум и здравичар се избрани две личности познати по хуманоста.

„Тоде Панда кој отсекогаш не помага и поддржува, а сите се сеќаваат на неговите фармерки и забавите во Хард рок и Плавевски кој како доктор им положено Хипократова заклетва дека ќе помага на луѓето, но со своите фотографии и песни тој ја лечи душата на народот“, вели Мојсовски.

Томе Панда само скромно се заблагодари што му е дадена честа да биде кум на традиционалните бадникарски свечености, а овогодинешниот здравичар рече дека е чест му е што ќе има можност да ги поздрави скопјани, но и сите Македонци за денот на раѓањето на Исус. Вешт во зборовите,  Плавевски потсети за значењето на Бандик, дека доаѓа на старословенски значи „будење“ и дека целта на празникот е да останеме будни, како што вели тој, за верата и македонската самобитност.

На денешната конфереција беше и ланскиот кум, Даниел Воиновски, кој рече дека кумството му донела голема среќа во оваа година, а пред се’ бидејќи, како што вели тој, „рипнал во тавче“

Оваа година се одбележува и 20 -годишнината од здружението скопски бадникари, и по тој повод на 31 јануари идната година ќе биде промовирано второто издание од монографијата „Скопско бадникување 1993-2013“, како аманет за идните генерации кои ќе ја продолжат традицијата. Во неа ќе пишува за корените на бадникарските свечености, за кумовите, за здравичарите, за пораките од поглаварите на МПЦ.

На 22-ри декември се повикуваат скопјани на местото викано Говрлевска краста за сите заедно да берат бадникови гранчиња.