„Доктор смрт“ лоциран во Амстердам

Обвинителството за воени злосторства го лоцирало во Амстердам турскиот лекар Јусуф Сонмез, кого медиумите го нарекуваат „доктор смрт“, а е обвинет дека им вадел органи на киднапираните Срби во Косово и Метохија. Интерпол по него, веќе со години, има распишано меѓународна потерница, пишува српскиот весник „Курир“.

Повикувајќи се на сопствени извори, весникот објавува дека Сомнез бил лоциран благодарение на сведок-соработник. Во текот на истражните дејствија српското обвинителство стапило во контакт преку електронска пошта со „доктор смрт“, претставувајќи се како страна заинтересирана за купување на бубрег.