ТОП,Македонија

Докторите апелираат: Жените да не ги игнорираат мамографските прегледи

Докторите апелираат: Жените да не ги игнорираат мамографските прегледи

Жените од Македонија да не ги игнорираат поканите на здравствените институции за бесплатен мамографски преглед за дојки кај жени над 50 години.

Мамографскиот преглед е најважен против намалување на смртноста на рак на дојка, објаснуваат радиолозите. За нив секој нов мамограф во внатрешноста на државата е добивка за жените редовно да одат на прегледи во родните градови.

За неполни две години набавени се 11 мамографи. За првпат ваква дијагностика во својот град добија жителите на Радовиш, Кочани, Македонска Каменица, а наскоро за првпат во својот град мамограф ќе добијат и жителите на Кавадарци.

Ракот на дојка е најчестото заболување кај жените. Редовни прегледи и навремено откривање може да се намали смртноста од оваа болест. Жените за детални информации може да се обратат и на бројот 071235685 во управата за електронско здравство Мој термин .

Со Програмата, досега, се испратени вкупно 59.053 покани на домашна адреса, а само овој месец се испратени 6.643 покани. Со мамографскиот скрининг, од почетокот на скринингот досега (од април минатата година) се опфатени околу 14.000 жени.