Докторите му одговорија на Ношпал: Здравствениот систем функционира, неодговорни поединци секогаш имало

здравствените реформи во минатото. Притоа посочи дека одговорност треба да сносат само одговорните лица во овие случаи.

-Не го разбирам гневот. Се нафрлате на реформите во здравството користејќи туѓа трагедија која сите не згрози и сите ја осудуваме. Одговорност мора да има. Но, кога јас би се развел од сопругата, незамисливо е да барам одговорност од министерот за правда. Сведоци сме на многу поранешни реформи во поблиското и подалечното минато. Компарирајте ми ги позитивните и негативните промени. На Медицинскиот факултет можеа во подалечното минато да се запишат едвај 60 студенти, високо еднопартиски селектирани. Реформи ли беа специјализациите кои беа доделувани со потпис од СКМ. За мене реформи се воведување на ДРГ, носење на закон за правата на пациентот, но и закон за правата и обврските на лекарот, плаќањето по учинок. Реформи се набавката на современата опрема во државава. Сетете се колку КТ апарати имаше во поблиското минато. Колку нови болници се изградија во подалечното и во поблиското минато, вклучувајќи ги и приватните. Колку амбулантни возила се набавени во поблиското минато и со каква опрема се ? И во кое минато се покачил личниот доход, етс, етс?, напиша доктор Мицевски.

micevski

Доктор Дарко Стефаноски од Државната Кардиохирургија  вели дека обвинувањата на Ношпал не се точни.

-После 50 години за прв пат е отворена Универзитетска клиника за Кардиохирургија. Истата е State of art опремена и функционира по сите модерни европски принципи и не само што таа заживеа, туку заживеа и