Докторите му одговорија на Ношпал: Здравствениот систем функционира, неодговорни поединци секогаш имало

проектот за неонатална кардиохирургија. И не само тоа, туку многу наши кадри се пратени и постојано се испраќаат на специјализација и субспецијализација и едукации во реномирани центри. А тоа што го споменувате за неодговорни поединци се случувало секогаш. Тоа се само неодговорни поединци, а не систем кој не функционира, реагираше доктор Стефаноски.

darko-biljana

Во одбрана на професијата, наспроти критиките, застана докторката анестезиолог Билјата Ефтимова.

-Се прашувам дали е тоа наш менталитет или што друго би било да секогаш кога ќе се случи нешто непријатно сите се спремни за критики и се повикува на линч. Во нашето здравство се случија и убави работи во последниве години во кои докторите заедно со другите медицински работници се главни учесници, а за тоа никој не се потруди да даде пофален збор. Во Штип на пример, почна со работа Интервентната кардиохирургија која е за пофалба и го опслужува целиот источен регион, се изведуваат сложени лапароскопски хирушки интервенции, се работи тромболиза кај мозочните удари, се изведуваат неврохируршки интервенции, но тоа за нашиот народ е најнормално и нема потреба од фалење. А за критики сите се тука. Сметам дека сите заедно треба од ова да извлечеме поука и да се трудиме што помалку вакви трагедии да се случуваат, напиша таа.