Крими хроника

Докторка нападната во болницата во Кочани

Докторка нападната во болницата во Кочани

Кочанчанец нападнал докторка и сакал да ја задави, вчера во болницата во Кочани, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 18 часот на Интерното одделение во Медицински центар во Кочани.
Тогаш В.Т.(54) од Кочани, кој бил незадоволен од третманот на неговата мајка на одделението, влегол во канцеларијата на доктората и ја фатил со раце за вратот. Лице кое било во близина видело што се случува и го спречило насилникот во намерата да ја задави докторката.

Полицијата го привела В.Т. и работи на целосно расчистување на случајот.