Докторка од Клиниката за радиотерапија со најмногу прегледи во октомври

Докторка од Клиниката за радиотерапија и онкологија со најмногу прегледани пациенти во месец октомври на ниво на РМ, соопштуваат од министерството за здравство.

На ниво на Република Македонија, најмногу амбулантски прегледи од почетокот на месец октомври, досега, реализирала д-р Славица Вељановска, на одделот за радиотерапија, при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Д-р Вељановска прегледала вкупно 438 пациенти од почетокот на месецов.

Други доктори кои во истиот период прегледале над 400 пациенти, се следните: д-р Бранко Алексов, интернист од Поликлиника Букурешт–Здравствен дом Скопје, д-р Тошо Плашески–ендокринолог од Универзитетската клиника за ендокринологија, и д-р Ана Михајловска–Рендевска, радиолог од Универзитетската клиника за радиологија.

На ниво на Република Македонија, вкупно 30 доктори од почетокот на месец октомври реализирале над 300 амбулантски прегледи, во различни области, меѓу кои: трансфузиона медицина, дерматовенерологија, офталмологија, радиологија, ортопедија, физикална и рехабилитациона медицина, интерна медицина, урологија, радиотерапија, и оториноларингологија.