Докторката Евица испратена до вечното почивалиште

Докторката Евица Бојаџиева денес беше погребана во Штип.

Таа вчера наутро ја загуби битката со најтешката болест.

Третманот на нејзината болест траеше до 20-ти јануари. Таа се лекуваше во Кина.

По третманот, се јавија метастази кои ги зафатија повеќето органи. Бојаџиева почина откако целосно и откажа црниот дроб.

Таа боледуваше од еден од најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Сите напори за евентуален оперативен третман во специјализираните центри во Словенија, Германија и Италија беа неуспешни поради инвазивноста на болеста.