Документ открива пропаднат план на ОН да ја окупираат Македонија во 2015 година!

ООН најмногу сакаат добра окупација, а тоа за малку ќе и се случеше на Македонија во есента 2015. Протече чуден документ кој открива како, во екот на мигрантската криза, УНХЦР (Канцеларија на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации) се подготвувале да преземат контрола врз ситуацијата доколку македонската влада затаи во справувањето со мигрантскиот бран кој доаѓаше од Грција по т.н. „Балканска рута“ – пишува страницата  balkanalysis.com.

Документот, подготвен на 32 страници (го имате прикачен тука), е исход од работниот состанок одржан од 31 август до 2 септември, на кој присуствувале претставници на владата, претставници од министерствата за одбрана,  внатрешни работи и труд и социјална политика, плус претставници на релевантни невладини и добротворни организации. Предлогот, кој го проследи  до Balkanalysis.com учесник на овој состанок, го потврдува нивното ексклузивно известување од декември 2015 година, дека ОН (Обединетите Нации) се подготвуваат да се населат над 30.000 мигранти во земјата.

Во анализата се вели дека ова не се случи, бидејќи Законот за кризни ситуации, активиран од Претседателот на државата, овозможи ефикасен и координиран одговор кој дозволи минимално задржување на мигрантите кои не сакаа да останат во земјата и беа брзо транспортирани со воз до Србија и натаму кон Германија, која во тоа време ги охрабруваше економските мигранти и баратели на азил да го преплават континентот. Последователните потреси од оваа одлука на Ангела Меркел ќе имаат постојани последици за иднината на Европа.

Зошто УНХЦР не успеа да ги постигне целите?

До почетокот на септември 2015 година, Македонија беше веќе цела година во политичка криза и го преживеа албанскиот терористички заговор подготвен на Косово за да ја дестабилизира земјата со цел да се создаде меѓународен протекторат и етничка поделба на Македонија. Овoj заговор беше спречен преку полициска акција на 9-ти мај во која загинаа осум полицајци. Инцидентот предизвика бес кај повеќето Македонци кон партијата на Зоран Заев, тогаш во опозиција. Како и да е, западните сили протуркаа политичко решение во јули 2015-та, таканаречено „Пржински договор“, во кое беше содржано создавање на Специјално Јавно Обвинителство  (кое подоцна ќе биде искористено како оружје против лидерите на тогашната владејачка коалиција ВМРО-ДУИ). Договорот предвидуваше одржување на нови избори и создавање на „техничка влада” од 15-ти септември, пишува balkanalysis.com..

Според анализата, овој договор, на СДСМ му беа дадени 2 министерства – Внатрешни работи и Труд и социјална политика, како и важни функции во други институции и покрај тоа што тие беа убедливо смачкани на претходните избори во Април 2014-та година. Изборот беше интересен; секоја партија би сакала да ја контролира полицијата, но Министерството за труд и социјала? Тоа би било корисно само во ситуација на… голема мигрантска криза. (Треба да се напомене дека во сите владини состави од 2015-та па досега, СДСМ го раководи ова министерство).

Општата политичка нестабилност го остави само претседателот Ѓорге Иванов во ситуација да носи легитимни одлуки. И доколку тој не го активираше Законот за кризни ситуации тоа лето, планот на УНХЦР лесно ќе бил реализиран со великодушна партиципација на клучните министерства контролирани од социјалдемократите. Но наместо тоа, успешно беше организирана акција за зачувување на Македонскиот суверенитет (во која ОН играа важна, но ограничена улога) пишува balkanalysis.com..

Според анализата друг битен елемент е дека соседното Косово од 1999 до 2008 година беше под управа на ОН (сеуште имаат некои активности таму). По ова, нивната мисија беше заменета со мисијата ЕУЛЕКС на Европската Унија. И двете мисии, суштински, беа средства за перење пари, учество во поголеми криминални активности, зајакнување на моќта на локалните мафијашки кланови, поради потребата на меѓународните мировници за дрога и проститутки. Речиси 20 години од учеството на ОН во Косово, земјата е во полоша ситуација отколку во минатото, а повеќето граѓани сакаат да се иселат во Западна Европа. Но, шака луѓе, како домашни така и странци, енормно се збогатија за овој период.

Долготрајната лоша глобална репутација на ОН за зголемување на криминалот, извршување злосторства против човештвото и користењето на кризите за нивно понатамошно проширување на овластувањата на веќе добро нафатираната бирократска елита се добро познати. За овие луѓе, Македонија нема значење како земја или култура – тоа е само уште една територија што треба да се обработи, уште еден ветувачки пазар за кој се потребни табелирани Excel податоци со посакувани трошоци, се вели во анализата.

Од содржината на нацрт-документот: Како УНХЦР го избра најлошото можно сценарио (и најпрофитабилно) за да се протурка на Агендата за окупација

И покрај тоа што не е потпишан или финализиран, документот јасно ги прикажува тенденциите и начинот на кој ОН инстинктивно се справуваат со кризите. Во неа се обработуваат постоечките владини мерки и одлуки, како и предлозите и плановите на УНХЦР. И ги споредува двата пристапа кон евентуалната криза. Иако не обезбедува конкретна рамка на трошоци, со пресметување на бараниот материјал и готовина, читателот лесно може да ја разбере финансиската тежина која би го произлегла од ова посакувано сценарио на УНХЦР, пренесува balkanalysis.com.

Со други зборови, УНХЦР работеше во создавањето на “балон од мигранти” во Македонија, со цел да стане полупротекторат. Сепак и тие, како и ЕУ и останатите кои немаа пријателски намери кон Македонија, беа надмудрени кога Македонија почна да гради ограда на грчката граница. И наместо во Македонија, мигрантскиот балон се формирал во Грција, пишува balkanalysis.com.

Во хуманитарните операции, ова е местото каде што постои најголема можност за перење пари и корпоративни профити. Наведено е сè, од пакетите на храна до индустриските грејачи. Тоа го потврдува она што од УНХЦР го изјавија за Balkanalysis во есента 2015 година, по неуспешниот план за масовна изградба на кампови. Според тоа, се препорачува:

Владата да најде, во координација со УНХЦР соодветна локација (и) за сместување на 33.000 луѓе (ако е можно, на локацијата да има веќе изградена зграда за да се избегне привремено засолниште)

Заедно со оваа препорака, нацрт-документот фино пресметува сè што треба да се купи, и во колкави количини, за период од само четири месеци. Премолченото очекување, секако, ќе биде за подолга и попродуктивна мисија. Вклучените сектори покриваат сè од изградба, водовоснабдување и транспортот на храна и лекови. Таквата операција, секако, ќе се потпира на постоечките врски што ОН ги има во сите сектори меѓу глобалните корпорации кои се вклучени во миграцискиот бизнис.

 

Заклучок: Дали минатото ќе ја покаже иднината?

Документот на УНХЦР оди дотаму што идентификува и многу други потреби за во иднина (комуникации, преведувачи, родова чувствителност, неделни состаноци и сл.). Во текстот, ОН укажува дека таа и дава еднаква или сродна улога со владата и армијата. Доколку таквата операција е дозволена, ОН многу брзо ќе ја претвори Македонија во ново Косово. Таквиот исход би бил многу посакуван не само за ОН и нејзината генерално експанзионистичка и криминална мисија. Тоа исто така би било многу посакувано и за Грција, со оглед на тековниот спор околу прашањето за името, и би претставувало олеснување за европските земји на север, кои самите не успеаја да ја решат кризата која нивните лидери намерно ја создадоа.

Речиси три години подоцна, Македонија сè уште преживува, иако едвај, како суверена држава. Но, што е уште поважно, таа останува безбедна и не нарушена од општествените немири кои ја придружуваа масовната миграција. Сепак, населението беше измалтретирано и поделено со политичката криза, а темпото на економски раст стагнираше под компромитираната левичарска влада. Во однос на евентуалните очекувања за членство, ЕУ сега ја става Македонија во иста кошница како Албанија. И како што продолжуваат со поголема жестина преговорите за името, на Македонците со секој нов ден се’ повеќе им се заканува промена на името и идентитетот во замена за членство во меѓународни организации кое нема да го дочекаат. Националното понижување е речиси комплетно, пишува во анализата.

Балкан анализис тврди дека додека ваквите ситуации насекаде во светот би предизвикале некаков бунт, Македонија не е она што некогаш беше. И нема знаци дека секоја партија или лидер ќе се појави за да го врати оптимизмот, достоинството или желбата за самоопределување. Како што е модерен тренд во “водечките” европски земји денес, духот на национално самоубиство се толерира, ако не и се прифаќа со истиот ентузијазам, како и во европските земји на север.

На крајот, веројатно е дека ако се појави нова мигрантска криза, “решенијата” на УНХЦР од 2015 година ќе бидат преиспитани и ќе имаат повеќе од официјална поддршка. Освртот на овој напис на документација на УНХЦР може да се користи за подобро разбирање на импулсите и оперативната процедура на глобалистичката машина која би сакала да го преземе светот, искористувајќи една криза во исто време, се в ели во анализата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.