Документаарецот „Вања – со маки сум се родила“ на фестивал во Лос Анџелес

Документарецот за Вања Лазарова на филмски фестивал во Софија
Документарецот за Вања Лазарова на филмски фестивал во Софија

Македонскиот документарен филм „Вања-со маки сум се родила“, посветен на легендарната Вања Лазарова е примен во официјалната програма на Star Doc Film Festival (Documentary Films), што ќе се одржи од 25 до 27 март годинава во Лос Анџелес.

На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет, селектирани во 19 категории. Македонскиот филм е пласиран во категоријата за најдобар музички документарец.

Автор на филмот е долгогодишниот менаџер на Лазарова и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција Медиа Броудкастинг од Скопје.

Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали: All Seas Film Festival, Roma Cinema DOC и London Shows International Film Festival.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.