Документарецот „Тајните на Охридското езеро“ емитуван во Германија

Една од најгледаните германски телевизии, националната NRD деновиве го емитуваше документарниот филм „Тајните на Охридското езеро“.

o1

Авторот на филмот на гледачите им ги доловува убавините на езерото, кристално чистата езерска вода, видовите риби кои егзистираат, а зборува и за охридскиот бисер, неговата изработка, одгледувањето на пастрмката.

o2

Документарниот филм беше реализиран со помош на нуркачкиот центар „ Амфора“, чии членови го помогнаа подводното снимање на изворите кај Свети Наум, археолошкиот локалитет Плоча –  Миќов град кај Градиште, како и на охридскиот тркалезен сунѓер и плашицата од која се изработува надалеку познатиот охридски бисер.

Документарниот филм објавен на NRD може да го погледнете тука.