Документарецот за Вања Лазарова на филмски фестивал во Софија

Документарецот за Вања Лазарова на филмски фестивал во Софија
Документарецот за Вања Лазарова на филмски фестивал во Софија

Документарниот филм „Вања, со маки сум се родила“ посветен на доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова е дел од Меѓународниот филмски фестивал „Идоли“, кој од 9 до 19 мај се одржува во Софија во рамки на Деновите на наследството – Софија 2016.

Филмот е надвор од официјалната програма на фестивалот, а е претставуван од Културно-инфомативниот центар на Република Македонија во Софија.

Документарецот за Вања Лазарова е снимен по сценарио и во режија на Синиша Ефтимов, а реализацијата е на продуцентската куќа „Медиа броадкастинг“ и Агенцијата за филм на Македонија. Премиерно беше прикажан минатата година во Кинотеката на Македонија.

Организаторот на „Идоли“ во програмата за фестивалот наведува дека филмот е посветен на легендарната Вања Лазарова, исполнителка на македонска народна музика.

– Во својата долга музичка кариера имала многубројни концерти низ светот. Таа е прва македонска пејачка која снимила записи за најголемите издавачки куќи Полиграм и Филипс, пишува во каталогот на Меѓународниот филмски фестивал „Идоли“ во Софија.