Магазин

Документарен филм за Ејми Вајнхаус пристигнува во јули

Документарен филм за Ејми Вајнхаус пристигнува во јули

Документарниот филм за пејачката Ејми Вајнхаус „Amy“ во кината пристигнува во јули, јавија електронските медиуми.

Како што наведува NME, документарниот фолм содржи и неиздадена музика и снимки на оваа шесткратна добитничка на Греми.

Во филмот ќе биде прикажан нејзиниот живот и кариера, борбата со славата, дрогата и алкохолот, а авторот, Асиф Кападија (креатор на документарниот филм „Сена“), ќе фрли ново светло на личноста на оваа мучичарка која почина од труење со алкохол во јули 2011 година кога имаше 27 години.