среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 17

Документарен филм за случајот „Шпион“ на Ал Џезеира Балкан

По филмовите „Шест часа до небото - Тоше Проески“ и „Кобна кота“, Ал Џезеира Балкан во недела од 17.05 часот премиерно ќе го прикаже новиот македонски документарен филм - „Шпион“, на продуцентската куќа „Револушн“ од Скопје и режисерот Дејан Милошевски.

ал

Поврзани вести

– Се работи за истражувачка документарна приказна која зборува за уцените, трговијата со државни тајни и други афери. Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20-ина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н шпионска група се занимавала со собирање информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот, соопшти продукцијата.

Најчитани вести