ФОТО: Протекоа документи што покажуваат како ИД ја гради државата

Протекоа документи што покажуваат како ИД ја гради државата во Ирак и Сирија заедно со сите институции на владата, финансиската и економската програма за самоодржливост, објави британски „Гардијан“.

Документот на 24 страници опишува како државата треба да ги гради надворешните односи заедно со целосно испланирана пропаганда и со централизирана контрола на нафтата, гасот и другите витални делови на економијата.

Прирачникот кој бил напишан минатата година и насловен како „Принципи на администрацијата на ИД“ ги опфаќа аспирациите на ИД за изградба на државата така што се дефинира како најбогатата и најразорна џихадистичка групација во последните 50 години.

Покрај тоа што државата треба да се заснова на бруталното насилство, подеднакво се опфатени и некои други сектори како што се здравството, образованието, трговијата, комуникациите и вработувањата.

Islamic State blueprint

Со ова станува јасно дека ИД веќе отишла мошне подалеку од обична џихадистичка организација. Документот што е напишан како основа за тренирање на „кадрите на администрацијата“ во месеците откако лидерот Абу Бакр ал Багдади прогласи „калифат“ во Ирак и Сирија е нацрт за тоа као да се организираат институциите на државата.

Покрај ова во документот се наведува дека ИД ќе изгради повеќе одделни кампови за тренинг за постојаната војска како и за ветераните. Се вели дека ветераните треба секоја година да одат на нов курс со цел да се запознаат со „последните трендови на користење оружје, воена стратегија и воени технологии“.

Исто така се наведува дека тие ќе добијат и „детална документација за технологијата“ на непријателот и за тоа како „војниците на државата може да ги искористат“.

isail-deca-prinstkrin-1409821105-562131

Она што посебно е интересно е тоа што во докуметот за прв пат се напоменува дека ИД има намера да тренира деца.

Документот, како што појаснува „Гардијан“ до нив стасал преку бизнисмен што работел во ИД и чијшто идентитет неможе да биде откриен од бесбедносни причини. Сепак, истиот човек досега објавил речиси 30 документи, меѓу кои и финансиска изјава на една од најголемите провинции на ИД.