Долари, евра и денари украдени од куќа во Прилеп

Австралиски долари, евра, денари и златен накит, вредни над 5.500 евра украл арамија од домот на прилепчанец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера се случила тешка кражба во домот на 60-годишниот Д.Ј. на улицата Цане Коњарац во Прилеп.

Арамијата, откако насилно ја отворил влезната врата влегол во домот, ги пребарал собите, па украл 3.900 австралиски долари, 1.800 евра, 48.000 денари и разновиден златен накит. Со пленот вреден над 5.500 евра тој избегал во непознат правец.

Полицијата работи на откривање на крадецот.