Доларот остро притиснат од политичките превирања во САД

Американскиот долар на меѓународните валутни пазари во петокот остана на патот на најголемтата седмична загуба во однос на кошницата валути од август минатата 2016 година, по скандалите околу американскиот претседател Доналд Трамп кои предизвикаа превирања на тамошната политичка сцена.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути најголеми трговски партнери на САД, во петокот претпладнето се лизна за 0,3 отсто и се движи во близина на најсникото ниво од 9 ноември 2016 година, на коешто се спушти во средата. Со тоа ја продолжи тенденцијата на седмична загуба од 1,6 отсто, а ги загуби и речиси сите добивки остварени по изборната победа на Доначд Трамп ланскиот ноември.

Притоа цената на американската валута во однос на јапонската остана речиси непроменета во споредба со затворањето на тргувањето во четвртокот, на 111,46 јени. Еврото, пак, во однос на доларот зајакна а 0,3 отсто, на 1,1139 долари, и се држи во близина на новите највисоки нивоа во последните шест месеци кои ги достигна во еден момент од тргувањето во четвртокот.

Во фокусот на вложувачите и натаму е развојот на настаните на американската политичка сцена и скандалите поврзани со опкружувањето на претседателот Доналд Трамп, поради што не слабеат притисоците врз американската валута. Најновите солидни економски податоци, вклучително и оние за индустриските активности, само делумно ги ублажија продажните притисоци на доларот во тргувањето во четвртокот.

Меѓутоа, фокусот на пазарите најверојатно ќе остане насочен на проблемите на администрацијата на Трамп, а тоа би можело и натаму да го притиска доларот, сметаат аналитичарите.

„Сметам дека нé очекуваат прилично ударни вести во седмиците и месеците коишто доаѓаат, особено во врска со покренатата истрага. Тоа негативно ќе влијае на расположението кон доларот“, вели во анкетата на Reuters Тан Тек Ленг, валутен аналитичар во „UBS Wealth Management“.

Кога станува збор за движењето на курсот на еврото, освен слабеењето на доларот, поткрепа му даваат засега придушените ризици на европски политички план откако на француските претседателски избори победи Емануел Макрон пред кандидаткат на крајната десница, Марин Лепен. Покрај тоа, поддршка му даваат и шпекулациите дека Европската централна банка (ECB) би можела да започне да размислува за постепеното намалување на купувањето на хартиите од вредност.