Доларот расте во однос на еврото

Американскиот долар речиси се изедначи со еврото. Американската валута денеска во Македонија се тргува за сума од околу 57 денари за една зелена банкнота.

Доларот бележи значителен раст во последните неколку месеци.  Само во март, доларот во однос на денарот поскапи за повеќе од 4 денари.
Во однос на декември минатата година, доларот е речи си 10 денари поскап од денеска. Тогаш еден долар се продаваше за помалку од 49 денари.
Предвидувањата се дека американската национална валута и натаму ќе расте.