Долго трае привлекувањето странски инвестиции: За некои од нив преговарано и над пет години

Процесот на привлекување странски инвестиции е долготраен, па за некои од нив се потрошени и над пет години, рече вечерва премиерот Никола Груевски во гостувањето во емисијата „Јади бурек“.

Инвестицијата во Кичево, на компанијата КСС, која што отвора илјада работни места, преговорите траеја пет ипол години.

„Мизо си ја фати работата на крај на 2008, почеток на 2009. До сега се занимавал со нив. Не само со нив, но пет ипол години работи си нив за да ги убеди да дојдат. Затоа на почетокот имаше критики во првата и втората година, зошто ни е Веле Самак, зошто ни е овој, оној… Не е само дека државата дава пари, луѓето работат“, рече Груевски, нагласувајќи дека за оваа работа е потребен поголем временски период за да се дадат резултатите.