Долговите на „Монтенегроерлајнс“ поголеми од вредноста на компанијата

Црногорската авиокомпанија „Монтенегро Ерлајнс“ минатата година завршила со вкупен минус од 41,8 милиони евра, а ако на тоа се додадат и долгорочните обврски, ова акционерско друштво има долг повеќе од 68 милиони евра.

Ова се покажало во извештајот на ревизорската куќа МВ Консалт, со што се покажало дека минусот е поголем отколку што претходната управа на компанијата кажувала. Во извештајот се наведува дека долговите на компанијата се поголеми од нејзината вредност и дека без помош од страна на Владата, на оваа комапнија и нема спас.