Долно Палчиште ќе добие водовод

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Боговиње,, Хазби Идризи, потпишаа договор за кофинансирање на проектот „Изградба на водоснабдителен систем за сeло Долно Палчиште во општина Боговиње“.

Вкупната вредност на проектот изнесува 6.687.889.00 денари од кои Министерството ќе кофинансира 49% од вредноста, а остатокот ќе го обезбеди општина Боговиње.

Со реализација на овој значаен проект на жителите на ова населено место ќе им се обезбеди квалитетна вода за пиење, а со тоа и здрава животна средина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.