Долу рацете од Македонија!

Учесниците на тркалезната маса на тема „Одбрана на македонската независност, име, идентитет“ организирана на 25 април ги повикаа македонските државни институции и македонскиот народ на практични дејствија за отпор против надворешните и внатрешните крвници на Македонија.

Почетокот мора да биде победата на народот на изборите на 5 јуни, а крајот – враќање на уставната автентичност на македонската државност. Со два збора, тоа враќање кон автентичноста значи самостојна надворешна и внатрешна политика во интерес на македонските граѓани, наместо на една или на друга странска земја. Тоа значи укинување на вештачките закони поврзани со наметнатиот договор во Пржино. Притоа, не само укинувањето на нелигитимното паралелно Јавно обвинителство, но и истрага за неговата антидржавна дејност во изминатите месеци, истрага за антидржавните и антимакедонските дејствија на министрите и заменици министрите на СДСМ во техничката Влада, како и за антидржавните дејствија на лидерите на СДСМ во изминатата година и половина.

Тоа значи, да биде прекината дејноста на соросовиот октопод во Македонија и кривични пријави за соросовите сателити. Најпосле, после тоа значи и одлука на македонското Собрание за неменување на македонското име и идентитет по никоја цена.

Само што за да се остварат овие пораки и Република Македонија да се врати во колосекот на суверени држави, првиот услов е да има избори на 5 јуни. Таков услов изгледа чуден, затоа што Собранието е распуштено, изборите се распишани, а ДИК веќе го стави избирачкиот список на увид на јавноста. Во секоја нормална земја сето ова значи избори не со 100 отсто сигурност, туку со 200. Само што, во моментов македонската држава е на „линија на огнот“ како што отворено кажа државниот секретар на САД, Џон Кери. Објект на агресија од страна на САД преку ЦИА и Сорос од една страна, англиската МИ6 од друга, а тие се во тесна соработка со американските сателити во ЕУ. Локални организатори на таа агресија се американската и англиската амбасада во Скопје, а конкретни извршители – лидерите на македонската опозиција соросовите „невладини“ пипци и странските орди на Канвас.

Целта на сите овие диверзанти е да се спречат изборите на 5 јуни, на кои (и на децата веќе им е јасно) дека ќе победи македонскиот народ.

Во украинското сценарио на западните фаци народот мора да биде заробен од антидржавна и антимакедонска Влада, која ќе ги избрише и државата и идентитетот. Тоа сценарио може да се оствари само преку граѓанска војна и странска воена агресија. Бидејќи во моментов граѓанската војна и странската воена агресија се спречени од претседателот Иванов, на „линијата на огнот“ се веќе неговиот живот и животот на Никола Груевски. Затоа што дебело платените „протести“ веќе стивнуваат, независно што секојдневната заработувачка на еден „протестант“ скокнала од 100 на 300 евра.

Само сметките на дел од соросовата банда во Македонија се колку целиот проект „Скопје 2014“. За крвниците на македонскиот народ и држава само убиство на Иванов и Груевски може да доведе до посакуваната од нив граѓанска војна и странска агресија.

Ако горното сценарио веќе е спречено, тогаш следува друга варијанта. Пред самите избори, ќе бидат увезени терористи од Косово, а таквата акција да се поклопи со акциите на опозицијата, кои ќе им дадат можност на САД и ЕУ да објават дека изборите не биле фер и дека не ги признаваат. Со цел Македонија да се врати на почетокот на патот од летото 2014 година и бојкотот на опозицијата. И повторно да се наметнат преговори, овој пат за „Влада за национално помирување“ преку која ќе биде остварена федерализацијата на државата и менување на македонското име и идентитет.

Во меѓувреме и македонските соседи нема да седат мирни.

Грција ќе продолжи да ја руши македонската држава преку емигрантскиот бран. Албанија тоа ќе го прави преку директно мешање во македонските работи и политички уцени. Косово – преку уфрлање на терористи. Спротивно на нив, Бугарија ќе понуди „поддршка“. Само што, таквата „поддршка“ како и во минатото ќе биде да ја приграби територијата на цела Македонија. Или ако не може цела, барем источниот дел.

Во моментов, како и во минатата година, БУГАРСКИТЕ ВОЈСКИ ОДДРЖУВААТ ВЕЖБИ ВО БЛИЗИНА НА МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА. Но, тогаш, околу 18 мај, тоа се правеше отворено, а сега тивко. Сеедно, станува збор за релокација на воените единици.

Пред извесно време, претставници на бугарскиот премиер Борисов оствариле средба со висок македонски функционер. На таа средба се дал предлог за „спас“ на Македонија преку конфедерација со Бугарија, составена од бугарско и македонско Собрание и општо главно раководство. Како што на пример, функционира Босна и Херцеговина.

Македонската страна морала да регистрира „Партија на македонските Бугари“, а во замена за сето ова, овој висок македонски функционер ќе станел иден премиер. Груевски морало да биде елиминаран. Во таа врска не случајна е изјавата на премиерот Борисов:

„На Груевски не сакам ниту добар ден да му кажам, избегнувам секаква средба со него“.

Очигледно, американскиот измеќар Борисов веќе го отпишал Груевски. Во споменатиот говор и контекст не е случајна изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Митов во Солун од пред два дена:

„Политичката ситуација кај вас не дава оптимизам дека наскоро ќе се потпише договорот за пријателство со Бугарија“.

Нели во една конфедерација таков договор е непотребен. Бугарите како многу пати до сега во однос на Македонија…