ДОМ бара затворање на Макстил и Југохром до еколошко прилагодување

„ДОМ продолжува со принципиелната поддршка на граѓанската иницијатива „Стоп на загадувањето од Железара”. Протестот на граѓаните е оправдан, бидејќи никој нема право да им го загрозува здравјето и правото на здрава животна средина,“ реагираат од ДОМ.

Тие го повикуваат Инспекторатот за животна средина веднаш да прогласи престанок со работа на Макстил и Југохром, се до исполнувањето на еколошкото прилагодување на двата индустриски капацитети.

„Воедно потсетуваме дека решавањето на индустриското загадување е еден од договорените услови за коалициониот настап на предвремените парламентатни избори годинава. Очекуваме ова да биде исполнето во најбрз можен рок,“ изјави портпаролот Тони Ристов од протестот.